Состојки

- 2-3 мали долгнавести тикви, 700 мл растителна супа, 30 мл соја сос, 1 ½ лажичка хималајска сол, 1 лажичка црвен пипер, 4 гранчиња мајчина душичка, 4 чешниња лук

Приготвување
Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквите исечете ги на половина по должина и исчистете ги од семките. Со нож засечете ги одозгора дијагонално за да се испечат полесно. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и зачинете ги со сол. Изронете ги гранчињата мајчина душичка над нив и ставете ги нелупените чешниња лук. Ставете да се печат во рерната 20 минути, па извадете ги чешнињата лук и продолжете со печење уште 20  минути. Откако се печени тиквите оставете да одморат 5-10  минути, па со лажица одвојте го месото од лушпата. Ставете го во блендер заедно со сите состојки и блендирајте додека добиете кремаста смеса. Послужете ладно или топло. посипано со тостирани лупени семки од тиква, павлака или тостиран леб. 

Најново на форумот

  • No posts to display.