Состојки
- 800 г јунешко месо, 500 мл бистра јунешка супа, 700 г доматно пире, 1 голем кромид, 3 гранчиња целер, 2 зелени пиперки, 2 моркова, 1 тиквичка, 1 лажичка црвен пипер (по желба), маслиново масло, свеж магдонос

Приготвување

Загрејте малку масло (1-2 лажици) во огноотпорен сад со капак, па ставете го стекот 4-5 минути да се потпече. По потреба додајте уште малку масло, па додајте го сечканиот кромид, целер, пиперките, морковите и тиквичката. Динстајте околу 3-4 минути. Ако користите црвен пипер, додајте го сега и пржете уште две минути. Додајте ги супата и доматното пире, промешајте и додајте го месото. Оставете да се готви на тивко еден час, во покриен сад. Пред послужување посипете со сечкан магдонос.

Најново на форумот

  • No posts to display.