Состојки:
За палачинките

- 1 чаша брашно, 2 лажици шеќер, 2 лажички пециво, 1/2 лажичка сол, 1 чаша млеко,1 јајце, 2 лажици стопен путер, 1 лажица маслиново масло
За прелив
- 2 мали или 1 големо јаболко, 1 лажичка нишесте, 1/2 лажичка цимет, 1/3 чаша јаворов сируп

 

Приготвување
Измешајте го брашното со пецивото, шеќерот, солта и циметот. Во друг сад измешајте ги млекото, јајцето и мешајте со вилушка да се соединат. Додека мешате додавајте го топениот путер и потоа маслото. Додајте ги овие состојки во садот со брашно и мешајте да добиете хомогена смеса. Оставете го накратко да отстои. За тоа време ставете ги јаболката исечкани на коцки во еден сад заедно со другите состојки и нека се вари на тивко додека омекнат јаболките. Тава подмачкана со масло загрејте ја и ставете од смесата за палачинки. Печете ги од едната страна па превртете ги од другата. Вадете ги во чинија и работете додека се потроши смесата. На крај сервирајте ги со путер и смесата за прелив.

Најново на форумот