Состојки

- 500 г говедско месо, 4 моркови, 8 средни компири, 1 голема главица кромид, 1 китка целер, 6 лажици маслиново масло, сок од пола лимон, сол и црн пипер

Приготвување

Во еден сад ставете 3 лажици маслиново масло. Исечете го месото на големи парчиња и ставете ги во тавата. Пржете ги додека добијат кафеава боја од сите страни. Кога ќе е готово месото (треба да не се лепи за тавата) додајте четири чаши вода и оставете на тивко да зоврие. Ако се формира пена, отстранете ја со решеткаста лажица. Нека се вари 1 1/2 до 2 часа односно додека омекне. Излупете ги компирите, морковите и кромидот па исечете ги на еднакви парчиња. Ставете го сечканиот зеленчук во сад, но на страна сочувајте еден морков. Него заедно со целерот ставете го во блендер, додајте една чаша вода и блендирајте додека добиете кремаста смеса. Кога ќе биде месото готово, додајте го сварениот зеленчук, кремастата смеса, маслиново масло и зачинете по вкус. Ако зеленчукот не е доволно покриен со вода, додајте малку. Варете 1-1,5 часа на средна температура.