Состојки

- 3/4 чаша пире од варена тиква, 1 чаша брашно (или 1/2 обично и 1/2 интегрално), 1/2 лажичка пециво, 1/4 лажичка сол, 1 лажичка цимет, 1/2 чаша кафеав шеќер, 1 јајце, 1/4 чаша масло

За преливот:
- 3 лажици путер, 3 лажици млеко, 100 г чоколадо, 1 лажичка ванила, 1 чаша шеќер во прав, прстофат сол 

 

Приготвување
Во сад измешајте ги брашното, пецивото, солта и циметот. Во друг сад измешајте ги кафеавиот шеќер, јајцето, маслото и пирето од тиква додека добиете хомогена смеса. Додајте ги сувите состојки во овој сад и мешајте додека се соединат состојките. Калап за печење мали куглови премачкајте го со малку масло. Во секој од нив со лажица ставајте од смесата, додека се наполни 2/3 од калапчето. Ставете да се печат во рерна на 200 степени околу 10 минути. Извадете ги од садот да се изладат.
За преливот стопете го путерот во мал сад на средна температура. Додајте го млекото и промешајте. Додајте го чоколадото и мешајте додека се стопи. Тргнете го садот на страна, додајте ја ванилата, прав шеќерот и солта, па промешајте да се соединат состојките. Во оваа смеса веднаш натопете ги крофните од едната страна. Ако се стврдне смесата вратете ја на оган да се стопи и продолжете додека ги премачкате сите крофни.