Состојки

- 1 пакување листесто тесто, 3 страка праз, 6 парчиња пилешко бело месо, 500 мл пилешка супа, 1 јајце, 1 лажица брашно, гранче мајчина душичка, 2 лажици павлака, маслиново масло,  сол


Приготвување
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во еден сад загрејте маслиново масло и во него пржете го измиениот и ситно сечкан праз. Додајте го гранчето мајчина душичка (или 1/2 мала лажичка сушена) зачинете со сол по вкус и промешајте. Откако ќе пушти вода, намалете ја температурата и динстајте околу 30 минути со повремено мешање. Кога ќе биде омекнат празот, додајте го пилешкото сечкано на коцки. Промешајте, додајте го брашното и гответе 2-3 минути. Додајте ја супата, па промешајте и додајте ја павлаката. Оставете да зоврие. Гответе на тивко додека се згусне сосот. Во мали калапи или тава за мафини, намачкајте малку маслиново масло на дното и во секое калапче ставете по едно парче од одмрзнатото листето тесто. Наполнете со филот. На крај од остатокот од листестото тесто направете капаци за калапите и покријте ги убаво да се затворат од сите страни. Премачкајте со матено јајце и ставете да се печат во рерната додека поруменат.