Состојки:
- 6 резанки стар леб, 4 јајца, 200 г сирење (или урда), 400 мл кисело млеко, 20 г путер, ½ лажичка сода бикарбона



Приготвување:
Подмачкајте го дното на тавата со ½ од путерот. Потоа, наредете ги исечканите резанките леб, внимавајќи да бидат што поблиску наредени и да нема слободен простор меѓу нив. Остатокот од путерот распоредетете го над нив.
Измешајте го јогуртот заедно со јајцата и урдата /сирењето. Додадете сода. Ако користите урда, имајте на ум дека треба да додадете сол за да биде вкусна баницата. Истурете ја готовата смеса над парчињата леб и печете во загреана рерна од 180 степени, околу 15 минути или додека добие убава златна боја.