Состојки: 1 поголема главица цвекло, 1 главица кромид,  1 компир, 1 морков, 150 мл млеко, 30 г путер, сол



Приготвување:
Цвеклото може да го сварите или печете во фолија да омекне. Дефинитивно полесно е да го излупите и сварите во вода. За побрзо може да го исечете на помали парчиња. Ако решите да го печете, посипете го со сол,  добро завиткајте го во голем лист фолија и испечете го во загреана рерна 200-220 степен,  околу 30-40 минути.
Другиот зеленчук излупете го, исечете го на помали парчиња и сварете го во солена вода да омекне. Водата сочувајте ја. Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте да добиете хомогена смеса. Префрлете ги во течноста каде се вареше зеленчукот. Додајте сол по вкус и путерот. Измешајте, вратете да се вари на оган 10тина минути. Тргнете го садот додајте го млекото, промешајте и оставете малку да одмори.