Состојки:

- 1,300 гр брашно, 2 квасеци, 2 филџани масло, 2 филџани јогурт, пола павлака(125гр), 4 јајца, 1 лажица шекер, 1 1/2 лажиче сол, маргарин (за премачкување)

 

Приготвување:

Се стасуваат квасеците со малку вода,шекерот и малку брашно. Се меси тесто и се дели на 6-7 делови. Секој дел се расукува, се премачкува со маргарин и сите се ставаат во фрижидер 30 мин. Потоа од секое топче се расукува кора се сечат триаголници, на средина се става сирење и се виткаат кифлите. Откако ќе стасаат се полеваат со смеса подготвена од пола маргарин растопен измешан со 1 лажица лебни трошки. Се печат во загреана рерна на 250 степени.

 

Можете да ги подготвите и премачкани со јајце и посипани со сусам. Навистина се вкусни!

 

By Frogy

Најново на форумот

  • No posts to display.