Состојки:

- 250 мл млеко, 200 мл масло, рендана кора од 1 лимон, 2 кесички сув квасец, 200 мл вода, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кг брашно, 5 јајца, 5 лажички шеќер, малку сол


Приготвување:

Во еден сад направете мешавина од солта, млекото, маслото, кората од лимон, квасецот, водата, шеќерот, ванилиниот шеќер, 2 цели јајца и 3 жолчки. На работна површина ставете го брашното во вид на куп, направете вдлабнатина на средина и додавајте постепено од смесата и замесувајте го тестото. Измесете да добиете хомогена смеса, потоа ставете го тестото на топло да стасува. Кога ќе биде готовор, расукајте го во кора со дебелина на прст, па со помош на чаша или калап вадете кругови. Со помош на помала чашка исечете го средниот дел да ги обликувате крофните. Загрејте поголема количина масло и пржете ги крофните. Сервирајте ги по желба прелеани со чоколадо, некој овошен прелив или посипани со прав шеќер.

 

 

by Slavica

Најново на форумот

  • No posts to display.