Состојки

- 350 г тестенини ригатони,  75 г свеж магдонос, 40 г свеж спанаќ, 50 г ореви, 1 чешне лук, ½ чаша маслиново масло, ½ лажичка сол


Приготвување


Во блендер ставете ги сите состојки, освен тестенините и блендирајте на најбрзо додека добиете фина, хомогена смеса, како пире. По потреба запрете го блендерот и со лажица турнете ги залепените состојки од ѕидот на садот, за да се измиксираат убаво. Тестенините сварете ги според упатството на садот и исцедете ги од водата. Потоа измешајте ги со пестото.
Можете да направите поголема количина песто, за да го употребите подоцна. Чувајте го во фрижидер најмногу една недела. Со овој сос може да користите било какви тестенини.

Најново на форумот

  • No posts to display.