Состојки (за 8 лица):

- Свинско месо исечкано на коцки,1 кг брашно, 1 филџан масло, 1 лажица сол, 1 квасец, свинска маст, 8 јајца

 

Приготвување:

Месото исечкајте го на парчиња, зачинете го со малку масло, зачинал, црвен пипер и буковка, па оставете го преку ноќ во фрижидер. Следниот ден ставете го квасецот со малку вода, шеќер и брашно да стаса. Замесете тесто од брашното, маслото, стасаниот квасец и вода по потреба. Тестото треба да биде меко. Поделете го на 8 дела, обликувајте ги во топчиња и оставете ги да стасаат убаво. Потоа од секое топче обликувајте пастрмајлија, одозгора ставете месо и полејте со матени јајца. На секоја пастрмајлија ставете по 1 лажица свинска маст. Ставете да се печат во рерна загреана на 250 степени.

 

by Frogy