Состојки 
За переците: - 1 1/2 чаша топла вода, 2 лажици кафеав шеќер, 1 пакетче сув квасец, 90 г стопен путер, 2 1/2 лажички хималајска сол, 4 1/2 - 5 чаши брашно, масло, 180 мл вода, 1/2 чаша сода бикарбона (за варење на тестото), 1 јајце изматено со 1 лажица ладна вода, крупна морска сол
За сосот од сирење: 1/2 лажица несолен путер, 1/2 лажица брашно, 1/2 чаша меко, 230 г рендан чедар кашкавал


Приготвување
За переците - измешајте 1 1/2 чаша вода, шеќерот, квасецот и путерот во сад со миксер, со маталки за тесто, додека добро се измешаат. Оставете да стои пет минути. Додјте ги солта и брашното и миксирајте додека добиете мазно тесто кое се двои од садот. Ако тестото е многу меко, додајте брашно постепено, додека стане нелепливо. Извадете го тестото на работна површина и месете го со раце додека се воедначи. Вратете го во садот претходно намачкан со масло, премачкајте го тестото со масло и покријте го садот со фолија, паоставете го на топло да стасува еден час. 
Трите чаши вода измешаје ги со содата и ставете да зоврие на тивко. 
Стасаното тесто размесете го на работна површина, па исечете го на мали парчиња и ставајте ги во садот со вода да се варат по 30 секунди. Вадете ги со голема решеткаста лажица и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење, на доволно растојание да не се лепат. Премачкајте ги на површината со матеното јајце и посипете ги со морска сол. Печете ги 15-18 минути во рерна загреана на 200 степени. Извадете ги да се изладат пред да ги јадете. 
За сосот - стопете го путерот во сад на средна температура. Додајте го брашното и пржете една минута. Додајте го млекото и варете со постојано мешање, додека се згусне. На крај тргнете го садот од оган и додајте го ренданиот кашкавал. Промешајте да се соедини смесата. Послужете со солените залачиња. 

Најново на форумот

  • No posts to display.