Состојки (за 2 лица):

- 2 јајца, 450 мл. домати во сос (од конзерва), 1 главица кромид, 200 гр. фета сирење, 3 чешниња лук, 3 зелени пиперки, магдонос, сол, црн пипер, 1 лажица црвен пипер

Приготвување:

Јајцата испржете ги „на око„, во тава со загреано масло. Кромидот, лукот и пиперките исчистете ги и исечкајте ги ситно. Вратете ја тавата на оган, ставете малку масло и во него пржете го зеленчукот. Додајте ги доматите, заедно со сосот. Зачинете со сол и црн пипер, промешајте и додајте 1 лажица црвен пипер. Ставете ги јајцата и динстајте 15 минути на среден оган, додека испари течноста од сосот. Сервирајте во длабока чинија со дробено фета сирење и ситно сечкан магдонос.