Книгата “Кулинарскиот дневник на бебето Марта“ од авторката д-р мед.Марија Мандиќ е прирачник за воведување не-млечна дохрана и редовни оброци кај доенчињата.

Преку одговорите на најчестите прашања со кои се среќаваат мајките во овој период, книгата ги следи првите 100 дена при воведувањето цврста храна во менито на бебето Марта, и тоа во облик на Дневник во кој се напишани совети и рецепти за секој ден и оброк поединечно.

Бебето Марта е трето дете на мама Марија која со овој Дневник своето искуство од воведување цврста храна сакала да го подели со другите мајки и така да им го олесни тој процес.

Книгата е во А5 формат, со содржина на 150 страници напишана на латиница на срспки јазик. Може да се нарача со директен контакт со авторката на телефон +38163/593068, праќање порака преку фејсбук во инбокс на страницата од книгата Кулинарскиот дневник на бебето Марта

или на мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

„ Правилно воведување цврста храна

Правилната исхрана подразбира храна која на вашето бебе му ги дава оптимално сите хранливи елементи и му овозможува добар физички, ителектуален, емотивен и социјален раст и созревање. Освен тоа правилната исхрана е онаа која делува превентивно на развојот на многу бoлести во подоцнежниот живот, а тука пред се спаѓаат дијабетес (шеќерна болест тип 2), артеросклероза, исхемиска болест на срцето (инфаркт), исхемија на мозокот (шлог), прерано стареење, зголемен крвен притисок и др. Од тие причини се советува децата до полни две години да јадат храна подготвена специјално за нив. Тие сепак може да се јадења подготвени за целото семејство, под услов за нив да се одвои извесна количина пред да се зачини заедничкото јадење, да се посоли или оработи на друг начин кој не се препорачува во обработка на бебешката храна. Кога спремате оброци за вашето бебе можете да експериментирате со разни додатоци и комбинации. Ако запомните дека пржењето на врело масло и запршките се забранети, дека сол и зачини не им се даваат на малите деца – тогаш имате малку простор за грешки.

Многу родители најчесто грешат кога нивното бебе има добар апетит и брза прилагодливост на „храна за возрасни“ па го третираат бебето како член на семејство кој може да јаде се‘, па и зачинета храна. За жал ова е голема грешка која ќе се покаже подоцна, а целта на овој Дневник е токму ваквите ставови да се сменат и да се прифатат барем основите на правилна исхрана, не само за бебињата туку и за цело семејство. Така секој ден со вашето бебе ќе биде поинаков и ќе ви носи нови изненадувања и ваше подобро запознавање при приготвување на храната како и при хранењето.“

Извадок од книгата „Кулинарскиот дневник на бебето Марта“

 

Од денес па секоја недела по еден нов рецепт ќе има на страниците на нашиот портал.

 

Домашна кашичка од крушка со ориз


 

Состојки

1 крушка и 2 лажици ориз

 

Приготвување

Во малку вода варете две рамни лажици ориз околу десеттина минути. Во меѓувреме излупете и исчистете ја крушката, па исечете ја на ситни парчиња. Додајте ја крушката во оризот, поклопете и варете уште 5- 7 минути. По потреба додајте вода, но не премногу, туку доволно да на крајот од варењето оризот ја впие цела течност. Вака се чуваат хранливите материи од крушката и сите остануваат во кашичката. На крај изблендирајте ја смесата во блендер да добиете хомогена смеса.

Совет – оваа супер ужина може да му ја давате на бебето уште на почетокот од воведувањето на цврста храна. Наместо круша може да се користи јаболко.


Напомена - текстовите и сликите се објавени со дозвола на авторката на книгата. Секое нивно преземање, копирање и повторно објавување во печатени и електронски медиуми не е дозволено, без претходна дозвола од авторката и од Порталот Родители и деца.

Најново на форумот

  • No posts to display.