Состојки:

За сосот: 2 китки магдонос, 2 – 3 чешниња лук, 1/3 чаша маслиново масло. сок од ½ лимон, малку сол и црн пипер, по желба малку сечкани суви лути пиперчиња

За ќофтињата: 1 кг мелено јунешко месо, 2 јајца, 1 лажица млеко, 8- 10 чешниња печен лук, 12 лажици лебни трошки, сол и црн пипер

Приготвување:

Прво пригответе го сосот. Измијте го магдоносот и ставете го во блендер. Додајте ги останатите состојки и блендирајте додека ја добиете саканата конзистенција чимичури сосот треба да биде хомоген со по некое ситно парченце од состојките, низ него. Ставете го во фрижидер до употреба.

За ќофтињата, прво чешнињата лук ставете ги во мал сад, попрскајте ги со маслиново масло, покријте со фолија и ставете ги да се потпчеат во рерна 10 -15 мин., додека омекнат. Во месото додајте ги сите состојки и замесете ги ќофтињата. Формирајте топчиња и редете ги на плех обложен со хартија, па ставете ги да стојат во фрижидер 5-6 минути малку да се стегнат. Извадете ги и пржете ги во загреано масло. Послужете во чинија со чимичури сос.

Најново на форумот

  • No posts to display.