Состојки:

- 4-5 печурки (по желба може и мешани или само шампињони), 2 лажици маслиново масло, 150 г козјо сирење, 2 лажици млеко, 1 чешне лук,

6-12 лажички сенф, 6 парчиња гауда кашкавал, 6 парчиња интегрален леб, 1 големо зелено јаболко исечкано на тенки парчиња, малку маслиново масло за лебот, сол и црн пипер

 

 

Приготвување:

Исечкајте ги печурките, зачинете ги со сол и црн пипер, па пржете ги на две лажици маслиново масло околу 15 минути. Ставете го козјото сирење во еден сад и загревајте, па кога ќе омекне дробете го со вилушка за да се иситни. Додајте го млекото и мешајте да добиете кремаст сос. Во ова додјате ги пржените печурки, промешајте. Лебот тостирајте го и секое парче попрскајте го со маслиново масло. На секоја резанка леб намачкајте од внатре по две лажички сенф. Потоа премачкајте на една резанка со сосот од сирење и печурки, ставете едно парче гауда, три резанки јаболко и поклопете со друга резанка леб. Ставете ги во еден сад и нека се печат додека добијат златно-жолта боја.

Најново на форумот

  • No posts to display.