Состојки:

- ½ папаја, ¼ манго, ¼ чаша цеден сок од портокал, ¼ чаша кокосово млеко, 200 г кисело млеко, 1 лажица ленено семе мелено или цело, 1 рака листови од спанаќ

Приготвување:

Овошјето исечкајте го на коцки и заедно со сите состојки ставете го во блендер. Блендирајте додека добиете воедначена смеса.

Овој освежителен пијалак освен што е вкусен и здрав бидејќи не содржи никакви вештачки шеќери, воедно помага да ја намалите надуеноста во стомакот .

Најново на форумот