Состојки: неколку чоклади твикс, шеќерни бастумчиња, топено чоколадо, мини крекери во облик на мече (или по избор други), кики или други карамел бомбони, четки, црна прехранбена боја (уште подобро е ако најдете прехрамбени маркери за цртање)

 

Изработка:

Чоколадите твикс поделете ги на помали парчиња. Потоа со едната четка земајте од топеното чоколадо и премачкајте ги краевите каде што се сечени чоколадите, па оставете да се стврдне. Странично намачкајте малку топено чокладо и залепете по едно шеќерно бастумче од секоја страна, па држете малку додека се залепи. Претходно по потреба скратете ги малку бастумчињата за да бидат пропорционални со големината на средниот дел. Горе на средината намачкајте топено чоколадо и ставете по еден бисквит или пак кики бомбони кои ќе ги извадите од фолијата и со друга четка ќе им исцртате со црната боја вкрстена панделка, за да наликува на подарок.

Најново на форумот

  • No posts to display.