Состојки: 450 г свинска свежа сланина, 60 мл соја сос, 2 лажици оризово вино, 2 лажици кафеав шеќер, по 1 лажичка лук во прав, мелен ѓумбир и црн пипер

Приготвување:

Во еден сад измешајте ги соја сосот, шеќерот, виното и зачините. Ставете го месото (да биде без кожа) во еден сад и полејте го со мешавината од зачини, соја сос и оризово вино. Поклопете го садот и ставете го месото да се маринира во фрижидер најмалку шест, а најмногу 24 часа. Следниот ден печете го маринираното месо 40 минути во загреана рерна на 250 степени. Ова е рецепт за две лица. Ако земете повеќе месо или пак месото е подебело, тогаш зголемете го времето за печење.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.