Состојки:

- 200 г шпагети, 1 средно авокадо, сок од ½ лимон и кора од лимон, 1 -3 чешниња лук, 1/2 лажичка крупна сол, 2 лажици маслиново масло, 2- 3 лажици сечкан босилек (по вкус може и повеќе), мелен црн пипер

Приготвување:

Ставете посолена вода да зоврие во поголем сад, па додаје ја пастата и варете ја додека биде ал денте(да не е преварена). Во меѓувреме направете го сосот – во блендер ставете ги лукот, маслиновото масло, лимоновиот сок. Блендирајте додека добиете военачена смеса. Додајте ги лупеното авокадо, босилекот и солта и продолжете да блендирате додека добиете кремаста смеса. Кога ќе биде готова пастата исцедете ја и ставете ја во голем сад. Додајте го сосот и мешајте да се распореди убаво низ пастата. Сервирајте посипано со рендана кора од лимон и мелен црн пипер. Сервирајте веднаш и не загревајте ги тестенините ако останат подоцна.

Забелешка: авокадото треба да биде целосно зрело, со темна кора. Така полесно ќе го извадите месото од лушпата. Треба да го пресечете на пола, да ја извадите семката (искористете го ножот, удрете со сечилото на средина од семката и таа ќе се закачи, па само извлечете ја). Потоа со лажица извадете го месото од авокадото, а лушпата ќе ви остане цела во рака, како калап.

 

 

Најново на форумот