Состојки:

За кората: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, ½ лажичка прашок за пециво, 5 лажици вода, 5 лажици масло, малку сол, 2 лажици обелени бадеми (средно ситно мелени), 1 лажичка арома од ванила

За кремот: 400 – 500 мл слатка павлака, 1 шлаг фикс, 200 – 250 г јагоди, бадеми, јагоди за декорација, млеко за топење на тестото

 

Приготвување:

Белките одвојте ги од жолчките, па со малку сол изматете ги во цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот и аромата од ванила, додека добиете светла пенеста смеса. Додајте ги водата, маслото, брашното, пецивото и лесно измешајте. На крај додајте ги мелените бадеми.

Калап со пречник 24 см, обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата. Печете на 160 – 180 степени, околу 25 минути, зависно како пече шпоретот.

Извадете го готовото тесто и оставете го да се излади.

За тоа време изматете ја слатката павлака со шлаг фиксот. Јагодите исечкајте ги на поситни парчиња. Печениот и изладен бисквит исечете го на пола. Натопете го со малку млеко, ставете го шлагот, па јагодите. Покријте со другото тесто, пак натопете со млеко. Премачкајте со шлаг, украсете со бадеми и јагоди и оставете да се лади пред да ја послужите.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.