Состојки:

- 1 кг јунешко, 2 средни главици кромид, 2 средни моркови, 3 црвени бабури, 250 мл јунешка супа (од коцка) или вода, 70 мл црвено вино, масло

Зачини: 1 лажичка семе од синап, 1 лажичка сечкано луто пиперче, 1 лажичка лук во прав, 1/8 лажичка сушена мајчина душичка, ½ лажичка мелен црн пипер, сол по вкус

Приготвување:

Месото исчистете го од маснотиите, потоа исечкајте го на тенки ленти, па на парчиња од 1,5 – 2 см. Ставете масло да се загрее во тава, додајте дел од месото и пржете го додека добие кафеава боја, околу 10 – 15 секунди. Продолжете со пржење на остатокот од месото. Префрлете го во голем метален сад. Додајте ја супата (или водата), како и сите зачини. Покријте го садот и оставете го да зоврие. Намалете ја температурата и оставете да се динста околу 30 минути на средна температура, со повремено мешање. Во меѓувреме во тавата каде што го пржевте месото додајте го сечканиот кромид (по потреба додајте уште масло) и пржете го неколку минути. Додајте ги ренданите моркови и пржете уште малку. Потоа додајте го виното и промешајте, со лажица гребејќи да ги одвоите од дното карамелизираните парчиња кромид (даваат одличен вкус). Тргнете го садот од оган и оставете го на страна. Во друг сад ставете 2- 3 лажици масло, да се загрее. Ставете ги исечените бабури на ленти, пржете ги со повремено мешање додека омекнат, околу 3- 4 минути. По 30 минути варење на месото додајте ги во него пиперките, морковите и кромидот. Промешајте, по потреба додајте уште сол, па варете уште 10 минути. Тргнете го садот и готовиот сос од месо и пиперки послужете го во чинија со обарен ориз.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.