Состојки:

- 1 чаша сварена киноа, 2 лажици путер, 1 чешне лук, 1 рака листови од спанаќ, ¼ лажица сок од лимон, 2- 3 лажици рендан памезан, 170 г моцарела , 4- 6 домати (зависно од големината), црн пипер по желба

Приготвување:

Сварете ја киноата според упатството и ставете ја да се излади. Во голем сад ставете го путерот да се стопи и додајте го сечканиот лук. Гответе додека омекне. Спанаќот исечкајте го крупно, додајте го во садот и гответе додека овене. Тргнете го садот од оган. Додајте го пармезанот и 120 г рендана моцарела, во киноата, па измешајте додека се распоредат состојките. Потоа додајте ја смесата со спанаќ и измешајте. Исечете ги горните делови од доматите, како капачиња, исчистете ги од семе и со лажица полнете ги со смесата од киноа и спанаќ. Горе ставете од останатата (50 г) рендана моцарела. Ставете ги во плех со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 – 30 минути, покриено со алуминска фолија, за да не изгорат доматите и моцарелата.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.