Состојки:

За ќофтињата

- 450 г мелено мисиркино месо, ½ лажица свежа жалфија сечкана, ½ лажица свеж рузмарин сечкан, 1 чешне лук толчено, 1 мала главица кромид сечкана, ¼ лажичка сол, 2 белки (или 1 големо јајце), малку црн пипер

 

За сосот:

- 1 лажица маслиново масло, ½ лажичка сечкана црвена пиперка, ½ лажичка морска сол, 1 чешне лук сечкано, 400 г домати од конзерва, кора од ½ лимон, 1 лажица оригано

 

Приготвување:

Во еден сад измешајте ги состојките за ќофтињата. Месете додека добиете воедначена смеса. Потоа со лажичка земајте од смесата и формирајте топчиња од место. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете да се печат во рерна загреана на 180 степени околу 12 – 15 минути. За тоа време во еден сад ставете ги состојките за сосот – прво маслото, пиперката, лукот и солта. Мешајте и загревајте на средна температура, околу 2 минути. Внимавајте да не добие лукот кафеава боја. Додајте ги доматите, па продолжете да варите уште неколку минути. Намалете ја температурата и пробајте за сол, дали има потреба да додадете. Потоа додајте ја кората од лимон. За ова време веќе треба да се печени ќофтињата. Наредете ги на чинија и прелејте ги со сосот. Внимавајте да не се скршат ќофтињата, бидејќи ќе добиете болоњезе сос, наместо ќофтиња во сос. Пред сервирање посипете со оригано. Можете вака да ги послужите или во прилог со варени тестенини.

Најново на форумот

  • No posts to display.