Состојки:

- 1 чаша грав од конзерва или претходно сварен, 1 лажица путер, 2 чешниња лук, 1 мало парче ѓумбир рендан, 2 лажички семе од ким, 1 главица кромид сечкан, 1 морков сечкан, 1 гранче целер сечкан, 2 сушени колбаси по ваш избор, 2,5 л пилешка или растителна супа или вода, 2 листа лавор, голема китка кељ исечкан, сол и црн пипер, маслиново масло

 

Приготвување:

Ако гравот не е од конзерва, оставете го да отстои од вечер во вода, па сварете го следниот ден 25 минути. Додајте ги листовите лавор и малку сол. Продолжете да варите додека омекне (околу 20 минути или повеќе зависно од гравот). Ставете го путерот во сад, па на него кратко пропржете го лукот, ренданиот ѓумбир, кимот. Додајте ги кромидот, морковот, целерот и сечканиот колбас. Продолжете со пржење на средна температура додека се поврзат состојките. Потоа додајте ја супата, па оставете да зоврие. Повремено промешајте. Додајте ги гравот и лаворот, намалете ја температурата и оставете да се вари 25 минути. Додајте го исечканиот кељ и варете додека омекне или околу 10 минути. Зачинете по вкус со сол и црн пипер. Пред послужување попрскајте со малку масло.