Состојки:

- 24 големи суви урми (непресувани), 150 г меко козјо сирење, 4 лажици сечкани несолени бадеми, 1 лажица сечкан свеж босилек

Приготвување:

Во еден сад измешајте го козјото сирење со бадемите. Со мал нож засечете ги урмите, но не до крај, туку колку да направите мал отвор. Извадете ја семката и малку раширете го отворот. Во него со мала лажичка полнете од смесата со сирење и бадеми. Готовите урми редете ги во еден ред во плех подмачкан со малку масло. Или ако сакате можете во оваа фаза да ги ставите во фрижидер и да ги чувате 24 часа, пред да ги печете. Но мора да стојат во сад покриени со фолија.

Ако ги печете, рерната треба да е загреана на 200 степени. Доволно е да се печат 10 – 12 минути. Потоа наредете ги во чинија за сервирање и посипете ги со свеж сечкан босилек. Сервирајте топло.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.