Состојки:

- 400 г брашно, 250 мл топла вода, 1 лажица мед, 1 пакетче сув квасец, 1 лажичка сол, маслиново масло, 100-150 г кашкавал чедар или друг по избор, 120 г путер со лук

 

Приготвување:

Во голем сад ставете ги водата, медот, квасецот и оставете да стасува околу 5 минути. Откако ќе видите дека е активен квасецот додајте ја солта и брашното. Почнете да мешате со миксер (со специјални маталки за тесто) додека добиете воедначено тесто. Намрсете го готовото тесто со масло, и страниците од садот, па покријте со најлонска фолија и оставете да стасува тестото околу еден час или додека се удвои количината. Потоа разделете го тестото на два дела и формирајте долги багети. Ставете ги на плех со хартија за печење. По желба завиткајте ги спирално и оставете ги да стасуваат покриени со најлонска фолија 30 минути. Загрејте ја рерната на 250 степени. Кога ќе биде загреана рерната, намалете ја температурата на 200 степени, тргнете ја фолијата и ставете да се печат 20 минути. За тоа време исечкајте го кашкавалот на тенки резанки. Ставете го путерот да се стопи во сад на шпорет. По 20 минути извадете ги багетите од рерна и премачкајте ги добро со топениот путер. Нека се печат уште 5- 7 минути или додека почне лебот да добива златно жолта боја. Извадете ги од шпорет и оставете да се ладат 15 минути. Засечете со нож мали резови на површината од багетите и прво со четка премачкајте во вдлабнатините со топениот путер со лук. Потоа наполнете ги резовите со резанки кашкавал. Ставете да се печат уште 3- 5 минути, додека се стопи кашкавалот целосно. Послужете веднаш.