Состојки:

- 10 кори за лазањи (од потенките со набрани рабови), 1 лажица путер, 1 чаша сечкани печурки, 2 чешниња лук, 1 ½ чаша сечкани листови спанаќ, 450 г рикота сирење, 1 чаша урда, 2-3 топчиња моцарела, 1 лажичка оригано, ½ лажичка сечкан магдонос, ¼ лажичка сол, 1 јајце, 350 мл готов сос од домати (најдобро е ако е некој зачинет сос како италијански, неаполетански и сл.), плус уште малку моцарела за горе

 

Приготвување:

Ставете да се сварат тестенините додека омекнат, но не ги преварувајте. Готовите варени кори, наредете ги на еден плех, премачкан со малку масло за да не се залепат. Во еден сад на средна температура стопете го путерот. Додајте ги печурките, сечканиот лук, спанаќ и динстајте околу 5- 7 минути. Во друг сад измешајте ги рикотата, урдата, ренданата моцарела, ориганото, магдоносот и јајцето. Зачинете со сол, па додајте ја мешавината со печурки и спанаќ. Ставете ¾ од доматниот сос во огноотпорен сад, да се покрие дното. Над секоја лента од лазања ставајте од смесата со печурки, па виткајте ги во ролнички. Готовите смстете ги во садот над сосот. Остатокот од маринара сосот распоредете го со лажица над секоја ролничка. Печете во рерна загреана на 200 степени, околу 25 минути. Извадете го садот, посипете со рендана моцарела и вратете да се стопи, околу 5 минути, во рерната. Послужете топло.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.