Состојки:

-4 пилешки копани, ¾ лажичка сол, ¾ лажичка црн пипер, 1 поголема главица кромид, 1 ½ лажица сечкан лук, 500 г свежи шампињони, 100 мл суво бело вино или пилешка супа, 1 лажица сечкан власец

 

Приготвување:

Ставете ги пилешките копани на даска за сечкање, со кожата надолу. Исечете мали резови од двете страни на коската. Посолете и зачинете со црн пипер. Ставете ги готовите копани во загреана грил тава со малку масло, со кожата надолу, зголемете ја температурата и печете ги со повремено превртување, за да не се залепат. Кога ќе почнат да се печат, намалете ја температурата, покријте ја тавата и нека се готват 20тина минути. Повремено проверете да не изгорат и по потреба намалете ја температурата. За тоа време загрејте ја рерната на 50 степени. Кога се готови копаните, префрлете ги во огноотпорен сад и ставете ги во топлата рерна. Подгответе го сосот од печурки – истурете ја маснотијата од тавата во која се пржеа копаните, само оставете околу 2 лажици. Додајте го сечканиот кромид, лук и печурките. Нека се динстаат околу 3 минути. Посипете со сол, црн пипер, па додајте го виното. Варете околу 1-2 минути, додека испари течноста. Сервирајте ги во тавче копаните над сосот и посипете со сечкан власец.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.