Состојки:

- 2 лажици (30 г) несолен путер, 1 ½ лажица (20 г) бел шеќер, 1 ½ лажица (20 г) кафеав шеќер, 2 лажици матено јајце, ¼ лажица екстракт од ванила, 5 лажици (60 г) брашно, ¼ лажица прашок за печиво, малку сол, 40 г сечкано чоколадо за готвење, сладолед од ванила, чоколаден прелив

Потребна е и порцеланска чинија која може да се користи во микровална.

 

Приготвување:

Во длабока порцеланска чинија која може да се користи во микровална, ставете ги двата вида шеќер и путерот, па со вилушка мешајте да се соединат состојките. Едно јајце скршете и изматете го, потоа од него земете две лажици и ставете во смесата во чинијата и промешајте. Додајте го брашното, прашокот за печиво и прстофат сол. Уште еднаш измешајте со жица да се соединат состојките. На крај додајте го сечканото чоколадо и промешајте (можете да сочувајте малку за горе). Ставете го садот во микровална и нека се пече околу 3 минути (зависно од температурата). Готовиот десерт украсете го со останатите парченца сечкано чоколадо, полејте го по желба со чоколаден прелив и додајте топка сладолед од ванила.

Десертот е доволен за едно лице.