Состојки:
-8 резанки багет, 100-150 г горгонзола, 8 смокви, 1 лажица мајчина душица, 4 лажици сечкани ореви, црн пипер по вкус, 4 лажици мед

Приготвување:

Издробете ја горгонзолата и оставете ја на собна температура. Смоквите измијте ги и исечете ги на половина. Над резанките леб наредете го дробеното сирење, над нив ставете ги смоквите. Посипете со сечканите ореви и црн пипер. Загрејте ја рерната, ставете ги лепчињата на плех и нека се потпечат, додека се стопи сирењето. На крај посипете со мед и послужете.

Најново на форумот

  • No posts to display.