Состојки:

- ¾ чаша обично бело брашно, ¾ чаша интегрално брашно, 3 лажици шеќер, 1 ½ лажчка пециво, ½ лажичка сода бикарбона, ½ лажичка сол,

1 ½ чаша млеко, 1 лажица масло (плус уште за пржење на палачинките), 1 јајце и 1 белка

 

 

Приготвување:

Во еден сад измешајте ги двата вида брашно, пецивото, шеќерот, солта и содата бикарбона. Во друг сад измеешајте ги млекото, маслото, јајцето и белката. Додајте ги состојките од садот со брашно, па мешајте да добиете воедначена смеса.

Загрејте 1 лажичка масло во тефлонска тама. Кога ќе почне да се пржи маслото со хартиена салфета впијте го вишокот масло, само колку да остане тенок слој во тавата. Додајте од смесата со црпалка и пржете ги палачинките од едната 2- 3 минути, па превртете ги од другата страна да се пржат 1 – 2 минути. Ако не ги сервирате веднаш, ставете ги во сад на топло да стојат. Послужете ги со прелив по желба.

Рецептата е за 12 палачинки.

Најново на форумот

  • No posts to display.