Состојки:
-3 лажици сув квасец, 50 мл врела вода, 300 мл топла вода, 1 лажица кафеав шеќер, 550 г брашно, малку сол, по 2 лажици сода бикарбона за секоја чаша вода која ќе ви треба за варење на переците, морска сол

Приготвување:

Ставете ја врелата вода со кафеавиот шеќер и квасецот во еден сад и оставете да стои околу пет минути. Во друг сад измешајте ги топлата вода, брашното и солта. Мешајте додека добиете еластично тесто. Тестото не мора да стасува. Загрејте ја рерната на 200 степени, а плехот обложете го со хартија за печење. Наполнете голем сад со вода до висина од 10 сантиметри (мерете со чаша од 250 мл) и за секоја чаша вода ставете по 2 лажици сода бикарбона во садот. Оставете смесата да зоврие на тивко, додека се раствори сода бикарбоната. Исечете го тестото на еднакви делови. Ставете го секое парче меѓу дланките и почнете да го обликувате во долг цилиндер. Потоа заврзете го во вид на перек и оставете да се одмори кратко на работна површина. Откако ќе завршите со обликувањето на переците, земајте еден по еден и ставајте ги во водата што врие. Со лажица држете го да биде под површината на водата околу 30 секунди, па извадете го. Ставајте еден по еден од переците, за да не се преварат. Готовите переци ставете ги на плехот со хартија за печење. Посипете ги со морска сол, ставете да се печат во рерна околу 20 минути, додека добијат убава боја. Сервирајте ги топли.

Најново на форумот

  • No posts to display.