Состојки:

За ѕаѕики сосот:

450 мл кисело млеко, ½ краставица, 2 – 3чешниња лук, 1 лажичка вински оцет, малку сок од лимон, маслиново масло, сол, црн пипер

За пилешкото месо:

1 парче пилешко бело месо од околу 500 – 600 г, 2 лажички вински оцет, 2лажици маслиново масло, 2 полни лажици кисело млеко, 1 лажичка оригано, 4 чешниња лук, сок од лимон, сол, црн пипер

Тортиљи, сечкан црвен кромид и домати

 

Приготвување:

За да ги подготвите ѕаѕики сосот, ставете го киселото млеко во газа над еден сад нека стои неколку часа (или ако е можно преку ноќ), за да се исцеди вишокот течност. Излупете ја и изрендајте краставицата. Ставете ја во крпа и стиснете да ја исцедите вишокот вода. Измешајте го киселото млеко, краставицата, со згмечениот лук и отанатите состојки, да се соединат. Додадете лимунов сок по вкус, попрскајте со маслиново масло и нека стои во фрижидер 30 минути пред да послужите.

За пилешкото во еден сад измешајте го згмечениот лук, сокот од лимон, оцетот, маслото, киселото млеко, ориганото, солта и црниот пипер. Измешајте убаво па во ова ставете ги парчињата пилешко да се маринираат околу 1 час. Потоа испечете го пилешкото на скара или пак во рерна. Оставете го готовото месо да се лади 5 минути, па потоа исечете го на ленти. Загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со малку масло, потоа наполнете ги со пилешко, ѕаѕики сос, сечкани домати и црвен кромид. Сервирајте веднаш.

 

 

Најново на форумот