Состојки:

- 6 средни млади компири, 2 -3 чешниња лук, 2 лажици маслиново масло, 30 г путер, крупна морска сол, свежо мелен црн пипер

 

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220˚C . Ставете ги миените компири (ако се млади нема потреба од лупење, можете само лесно да ги изгребете големите парчиња лушпа) на штица за сечкање, со рамната страна надолу. Почнете да ги сечкате од крајот, речиси до долу, на растојание од 3- 4 мм. Наредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење. Лукот исечкајте го ситно и распоредете го меѓу отворите на компирите, ставете по малку путер на секој компир, потоа попрскајте со малку маслиново масло, посолете, зачинете со мелен црн пипер.

Ставете да се печат во рерна 40 минути, додека станат крцкави на површината, а меки во средината.