Состојки (за 4 лица):

- 1 пакување шпагети, 1 пакување морски стапчиња (од месо од ракчиња), 400 - 500 мл павлака за готвење ( како хопла, халта, дукат)

- сув лук, сол, масло

 

Приготвување:

Сварете ги шпагетите во поголема количина солена вода. Кога ќе бидат готови, ал денте (значи не преварени, туку малку да се цврсти кога ги гризете), исцедете ги и оставете ги во тенџерето. Во тавче ставете малку масло , во него исечкајте ги морските стапчиња и пржете ги кратко. Додајте ја павлаката, промешајте и оставете да проврие. Додајте сув лук по вкус, зачинете со сол (ако сакате, инаку јас не ставам дополнително сол во сосот), промешајте, па истурете го ова врз шпагетите. Вратете го тенџерето на шпорет, мешајте да се поврзат состојките. Оставете кратко да се излади, па послужете.

Одлично оди со бело вино или со розе.

 

By Anne