Минатата година од октомври до крајот на декември организиравме повеќе акции за собирање парична помош за лекување на Александра Робев - Сашка. 

Им благодариме на: Цреша бар за хуманитарната журка и донацијата, Војо Иванов кој со своите миленичиња ја поддржа акцијата и парите собрани од сликањето со неговите животни ги донираше за Сашка, Здружение Дислексија Ајнштајн кои на својата роденденска журка организираа хуманитарна акција, како и на сите поединци од Македонија и странство кои донираа.

Во нашата акција која одеше и со донации преку жиросметка, беа собрани 600.000 денари и истите беа уплатени на нејзината сметка.

Посебна благодарност до:
Пропоинт ДООЕЛ Скопје
Авицена ДОО Скопје
КУК-2013 ДОО Скопје
Еуростандард банка АД Скопје
Бато&Дивајн графикс центар
ДНА Анни фарм ПЗУ - аптека Скопје
Имиџ ПР ДОО Скопје

Ваши, Здружение на граѓани Родители и деца- РИД