По три успешно организирани хуманитарни тениски турнири на ТД Кадис, оваа година за прв пат се одржува хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014 во организација на компанијата Аутомотив Груп

и тоа во периодот од 23.06.2014 до 03.07.2014 во тенискиот клуб АБЦ.
Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на одделот хемато онкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.

Апликациите за турнирот можат да се пополнат on line на Facebook fan страната на NISSAN Macedonia како и сите заинтересирани да се запознаат со официјалните пропозиции и правила за игра. Учесниците ќе бидат распределени во повеќе категории и тоа во единечна категорија и во категорија двојки. Оваа година учесниците освен тоа што ќе донираат исто така и ќе се натпреваруваат за првата награда во секоја категорија – вредносен ваучер од 12.000 денари кој може да го искористат во генералниот застапник на светскиот тениски бренд BABOLAT во Македонија - ИНТЕКО.

И оваа година во турнирот ќе бидат вклучени и најмалите. Детската категорија е поделена во три подкатегории: црвен, портокалов и зелен тенис .

Затоа, доколку сакате да се забавувате, а истовремено да бидете хумани, Аутомотив Груп Ве кани заеднички преку спорт и рекреација да помогнеме на најмладите и да се заложиме за здрава и сигурна иднина.

Дознајте повеќе и пријавете се на следниот ЛИНК