Тегла, по тегла, малку слатко, малку солено...па и кисело. Така почнавме од идеја, до реализација на проектот наречен „Зимница вкусна има, ќе јадеме цела зима“.

И вредеше - сето она мрзнење по најголемиот студ, па возење по снегот да се стигне на време да се заменат доброволците на штандот, да се стои со часови таму, да се чекаат хуманите луѓе да донираат тегли, а дечињата да ги украсат теглите... Потоа да се соберат и однесат до местото каде ќе се пакуваат, секоја одделно да се украси и завитка, па да се запакуваат во пакети ... сè вредеше. А тоа го сфативме кога ги однесовме до оние за кои беше организирана целата акција.

Нивните насмевки, очи исполнети со среќа, ни беа доволна благодарност.

Знаеме дека ова е само капка во море, дека постојат уште многу семејства на кои им е потребна помош, и токму тоа нè води понатаму, да продолжиме со други уште поголеми и поуспешни акции.

Сепак во Новата година, посакуваме да се што помалку луѓето на кои им е потребна ваква помош, а што повеќе да правиме акции за дружење, едукација и забава.

Ваши „Родители и деца“

Погледнете ја галеријата, како течеше целата акција.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/12/zimnica{/AG}