Здружението „Родители и деца„ со интернет порталот Родители и деца, организира хуманитарна акција за собирање зимница.

Секој кој сака може да дојде на Саемот на жена, на нашиот штанд и да донира 1- 2- 3 тегли зимница која ја има подготвено дома!

Солена, блага, кисела сеедно :)

Мала, средна, голема тегла - не е важно!

Важно е она кое го имаме подготвено за нас и нашето семејство да го споделиме со оние кои немаат.

Собраната зимница ќе се донира на социјално загрозени семејства.

Воедно на саемот ќе има работилница за деца кои ќе ги украсуваат теглите со налепници, декорирани од нивните вредни рачиња.
Затоа поканети сте сите со своите најмали да дојдете и да се забавувате.

Ве очекуваме во ПРВАТА хала на Скопски саем

САЕМ НА ЖЕНА од 7 до 9 Декември 2012 година.

Работно време

Петок: 11 - 22 ч.
Сабота: 10.30 - 20.30 ч.
Недела: 10:30 - 20:30 ч.



Ваши „Родители и деца“