Заврши акцијата во која учествуваше и нашето здружение „Родители и деца“, а која ја започна здружението „Позитиво“, преку „Втората чоколадна аукција„ одржана оваа година во март.

Собраната облека од нашите акции, беше запакувана во 25 кутии и доставена во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје.

Воедно, децата од училиштето се израдуваа за новите простории во интернатот кои ги реновираше тимот на емисијата „Ајде дома“, како и со многуте донации во вид на браеви машини, разни дидактички материјали, енциклопедии, книги и др.,обезбедни во тек на акцијата од други здруженија, граѓани, донатори.

Акцијата беше поддржана од Фондацијата Т - Мобиле за Македонија и Теа Модерна.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/05/aukcija{/AG}