По иницијатива од здружението „Родители и деца“, беше организирана добротворна акција за децата од домот „11 Октомври“ во Скопје.

Членовите од интернет сајтот и форумот „Родители и деца“, собраа донации од кои беа купени украси за домот, а истовремено донираа и вапсани велигденски јајца, за штитениците на домот.

 

Со мала, но од срце направена акција, им беше разубавен празникот Велигден и на овие дечиња, кои ни заблагодарија со искрена насмевка и топла прегратка.

 

Благодарност до сите учесници во акцијата.

 

Вашите „Родители и деца“{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/05/11_0ktomvri{/AG}