Aкцијата „Со љубов сплетено, за живот подарено„ , која воедно е и прва донација во новата зграда на ГАК, помина одлично и задоволни сме од собраното.

Среќни сме што ги надминавме планираните бројки и собравме многу повеќе од она кое првично ни беше цел. А сето тоа благодарение на нашите вредни членови за идејата, помошта и учеството во акцијата, како и сите хумани луѓе кои иако не се дел од форумот, беа дел од нашата акција.

 

Донирани се следните средства:

- 100 чаршавчиња,

- 60 ќебенца,

- 84 чифта плетени калчинки,

- 84 плетени капчиња,

- 19 плетени стегачи,

- 32 бенкици,

- 28 боди,

- 17 шпихозни,

- 15 памучни капчиња

- 14 ѕиврички,

- бебешки чорапчиња и ракавички

 

Ние како здужение и сајт „Родители и деца„ упатуваме посебна благодарност до:

- Сопственичката на “Смајли Старс„ училиштето за англиски јазик за деца, која ни ги отстапи просториите од училиштето за текот на целата акција.

- Г-ѓа Муши Амет Халил - која освен што донираше плетени работи (стегачи и калчинки) ни помогна во кроењето и порабувањето на ќебенцата.

- Граѓанското здружение „Позитиво„ кои донираа волница и од неа жените во домот за стари лица „Мајка Тереза„ исплетоа калчинки и капчиња.

Посебен поздрав до тетка Наде и тетка Милевка кои испратија плетени капчиња и калчинки и голем поздрав до сите членови од сајтот за нивната хуманост.

Голема благодарност до медиумите кои ја следаа акцијата и кои не` поддржаа, а со тоа ни помогнаа што повеќе луѓе да дознаат за неа.

 

Дневниот весник - Дневник

Телевизиите Телма, МТВ и Сител

Порталите ТЕА Модерна, Плус инфо, Многоо, Без Пардон, Фама и Vox

Исто така и до менаџерите и вработените во спортски клуб и кафуле „Форца„ и тениски клуб и кафуле „АБЦ„ каде се одвиваа нашите акции.

Ваши „Родители и деца„

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/05/pleteno{/AG}

 

Најново на форумот

  • No posts to display.