Убавината секому му е важна кога се подготвува за дневно или вечерно излегување. Она кое е во прв план, секако е да се биде во тренд и да се следат најновите модни предлози. Еве некои од нив кои морате да ги пробате оваа пролет.

 

Црвените усни се повторно во мода. Светли, интензивни нијанси кои изгледаат гламурозно и класично во исто време. Најновите кармини кои ги предлагаат светски познатите модни дизајнери се со совршени нијанси, со кои не е потребно ништо друго на вашето лице. Најдобриот совет кој треба да го послушате е да ставите прво црвен кармин, пред да почнете да ставате од другите шминки. Ќе видите дека не ви е потребна друга интензивна шминка.

 

Светлите сенки за очи се совршен избор за светла гардероба. Со нив ќе бидете во тренд и ќе ве забележат секаде, можете да ги носите без разлика каква ви е бојата на очите, само треба да ги искомбинирате со гардеробата. За сини очи најдобар избор се лилава, розева и сребрена нијанса, за зелени очи сини и интензивно сјајна златна нијанса. Темните очи одлично се сложуваат со зелена или сина сенка. И без разлика дали ќе изберете сенка со која ќе го прекриете очниот капак или пак туш за очи во некоја нијанса, најважно е да добиете драматичен изглед.

Кој не сака да има убава, нежна кожа која изгледа природно и здраво? Кожата која има здрав сјај е нешто за кое секоја жена се грижи и користи многу производи, за нега и одржување. Побарајте крема со сјај, која ќе ја нанесете под шминката, на јаболчниците, очите, носот, малку на челото, брадата, со што ќе добиете дискретен и здрав сјај. Секако не претерувајте оти може да добиете контра ефект.

Долгите и темни нокти, беа зимски хит. Светли, сјајни и долги се моден предлог за сезоната пролет/лето која е пред нас. Без разлика дали имате свои или вештачки нокти, нека бидат лакирани во најсветлите бои кои можете да ги најдете. Дали е некој за неон жолта? Бидете храбри и разубавете ги ноктите според најновиот тренд.

Веѓите повторно се дебели, но добро структуирани и дефинирани. За таа цел, инвестирајте во квалитетен молив за веѓи, сенка или маскара со која ќе ги пополните недостатоците. Ако ја бојадисувате косата, бојадисајте ги и нив, но само неколку нијанси посветли од бојата на косата, за да биде природно.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.