Пластичниот хирург Тери Дуброу измисли диета која не само што ги топи килограмите, и тоа прилично брзо, туку ја затегнува кожата, го забрзува растот на коста и дава енергија, а заедно со сопругата Хедер напиша и книга за нивниот режим на исхрана.



Книгата „The Dubrow Keto Fusion Diet# e најбарана на „Амазон“, онлајн платформата за купување книги, а оваа диета во суштина не е иновација туку комбинација од две познати диети – кето и повремен пост.
Докторот тврди дека со овој начин на исхрана се намалуваат инсулинот, хроничните воспаленија, се успорува процесот на стареење и се подобрува состојбата на кожата. Своите тврдења тој ги поткрепува со истражувањето во кое учествувале над 100 луѓе, а сите во просек изгубиле по 20 килограми.


Диетата се состои од три фази:
1 – брзо слабеење – трае два до пет дена и подразбира гладување во траење од 16 часа, а неопходно е за да се поттикне процесот на слабеење. Во текот на осумте часа кога смеете да јадете, препорачани се белковини, здрави маснотии, млечни оброци и зеленчук без скроб, како и малку овошје. Може да пиете вода, чај или кафе без шеќер, како и пијалаци без калории. Прилично ригорозна оваа фаза е позната и како „фаза на црвениот тепих“ со оглед дека во рекордно време прави да изгледате послабо.

2 – постигнување сакана тежина- трае додека ги симнете вишокот килограми. Времето на гладување трае 12-16 часа, зависно со која брзина сакате да слабеете. Се јаде истата храна како во првата фаза, но со повеќе здрави масти, сложени јаглени хидрати и овошје. Дозволено е повремено да се напиете малку алкохол.

3- одржување на тежината – оваа фаза е засекогаш, за да се одржува саканата тежинаи превентивно се дејствува против болести. Два дена во неделата треба да гладувате 16 часа дневно, а пет дена по 12 часа. Исхраната е иста како во фазата 2.

Предностите на оваа диета, според стручњаците, се што неминовно води до намалување на килограмите, што е и целта. А од друга страна велат дека Дуброу нема смислено ништо иновативно со оглед дека има споено два режими.
Диетата се предлага за целосно здрави луѓе и додека се држи се советува физичка активност – околу половина час на ден.

Најново на форумот

  • No posts to display.