Сакате да ја бојадисате косата дома? Без разлика на тоа која боја ќе ја одберете, не ја отвoрајте кутијата се додека не ги прочитате десетте заповеди за безгрешно бојадисување на косата

1. Одберете боја

Бојата на косата (дури и ако претходно е бојадисана) треба да послужи како репер за избор на нова боја. Никогаш не обидувајте се со еден потег да ја осветлите или потемните косата за повеќе од две нијанси.

2. Држете се до “ладни” нијанси

Доколку ја осветлувате косата со топли нијанси, лесно може да се случи бојата да оксидира, а косата да прими неубав зеленкаст отсјај. Бојата за коса која спаѓа во “ладни” и “неутрални” тонови е многу побезбедна опција, особено при прво бојадисување.

3. Обезбедете потребна количина боја

Имате долга коса и Ви се случува следнава ситуација: негде на половина од процесот сфаќате дека немате доволно боја. Катастрофа! Количината на бојата во повеќето стандардни пакувања е доволна за просечна должина на косата (отприлика до рамена). Значи доколку имате долга или густа коса, задолжително купете си две пакувања боја за коса.

4. Обезбедете соодветна опрема

Реквизитите кои се наоѓаат во повеќето бои, најчесто не се доволно практични. Затоа е најдобро да инвестирате во професионална опрема (четки, ракавици, сад за мешање на бојата) со помош на кои постапката ќе ја реализирате квалитетно. Се што ви е потребно можете да најдете во парфимерии или продавници за професионална фризерска опрема.

5. Тестирајте ја бојата на неколку прамени

Поштедете се од непријатни изненадувања и скапи фризерски услуги за поправање на штетата. Доколку имате време, тестирајте ја бојата на неколку внатрешни прамени и ако сте задоволни од резултатот, слободно можете да ја бојадисате целата коса.

6. Внимателно бојадисување на израстокот

Неизедначеноста на бојата на коренот и краевите на косата е првиот главен показател дека сами сте ја бојадисувале косата. Тоа најчесто се случува кога бојата се слева од коренот кон краевите, кои веќе се заситени со боја. За да ја избегнете оваа грешка, замолете некоја пријателка, сестра или мајка, внимателно да ја нанесе бојата само на израстокот. Ако сакате да ја освежите бојата на целата коса, почекајте најмалку 5 минути од почетокот на процесот, па потоа премачкајте го остатокот од косата.

7. Одржувајте ја бојата на косата

Колку повеќе ја негувате косата толку повеќе нејзината боја ќе биде свежа и постојана. Тоа значи дека е потребно редовно да користите шампони за бојадисана коса (усогласени со вашата боја) и најмалку еднаш неделно да употребите регенератор со длабинско дејство.

8. Добро покријте ги белите влакна

За покривање на белите влакна користете боја за целата коса во нијанса приближна со бојата која сте ја имале како дете. Така ќе го ”омекнете” изгледот на лицето и камуфлирате израстокот.

9. Внимателно со виткана коса

Бојадисувањето на природно витканата коса е посебен случај. Витканата коса е најчесто природно сува и осетлива, поради што побрзо ја апсорбира бојата и е поизложена на оштетување за разлика од рамната коса. Експертите советуваат при бојадисувањето третина од хидрогенот да се замени со дестилирана вода. После тоа процесот да си продолжи на вообичаен начин.

10. Експериментирајте со боите

Бојата на косата е несомнено моден детал. Поради тоа дозволено е да си играте со темни, светли или црвенкасти нијанси на бојата која вообичаено ја користите. Резултатите можат пријатно да ве изненадат. Доколку не сте подготвени за големи експерименти, посуптилни промени можете да постигнете со употреба на тониран сјај за коса или тонирана пена за обликување на коса.

Најново на форумот

  • No posts to display.