Функцијата на кожата опфаќа елиминација, ребалансирање и обновување. За да се изведат овие функции во основа потребно е насобраната дневна нечистотија, непотребни зголемени маснотии и секрети да се отстранат, но еднакво важно е во процесот на чистење да не се вознемири хидро-липидниот слој.

Хидро-липидниот слој се наоѓа на површината на кожата и е емулзија од вода и масти, а главата улога му е заштита од микроорганизми. Овој слој ја прави кожата мазна и помага да се задржи влажноста во епидермисот односно го спечува губењето на трансепидермалната водa.

Нарушувањето на хидро-липидниот слој може да резултира со сува, затегната кожа веднаш по чистењето. Кожата го губи својот баланс и се труди премногу за да се само корегира, што резултира со поголема секрација на себум, па кожата кратко време по чистењето може да стане прекумерно масна. 

Безбедно отстранете ги изумрените клетки

При користење ексфолијанти се нарушува природниот ритам на кожата, се отстрануваат и здрави клетки, а тоа доведува до зголемена чувствителност. Со секојдневна употреба на Dr.Hauschka кремата за чистење ја чистите кожата длабински и површински, а при тоа не го нарушувате хидро-липидниот слој на кожата и го следите нејзиниот здрав ритам.

Прво потребно е да ја исплакнете кожата со млака вода затоа што топлината ја релаксира кожата, така што ги омекнува ѕидовите на порите дозволувајќи да се постигне длабинско чистење. Топлината ја стимулира активноста на кожата, ја стимулира циркулацијата на крвта со што се подобрува доток на повеќе хранливи состојки и доток на кислород до површината.

Dr.Hauschka кремата за чистење се нанесува со нежно тапкање, не со груби движења и триења, бидејќи површината на кожата акумулира еден слој на нечистотии на крајот од денот. Ако погледнете преку микроскоп, ќе видите нечисти гранули со остри агли. кои ако се тријат може да ја гребат кожата и да предизвикаат иритација, со што ќе се наруши состојбата и уште ќе се предизвика болка и црвенило.

Со нежно тапкање со рацете ќе овозможите кремата да се впие Dr.Hauschka кремата за чистење. Таа во својот состав има бадемово брашно кое се соединува и безбедно ги отстранува мртвите клетки од површината кои се спремни да бидат отстранети без иритирање на несозреаните клетки на кожата во подолниот слој и без отстранување на хидролипидниот слој. Со тоа не се нарушува природниот ритам на кожата, а клетките кои не се подготвени да се отстранат, безбедно на своето место.

Dr.Hauschka кремата за чистење собира нечистотии и остатоци, затоа треба темелно да се измие. Користете многу вода, бидејќи така ќе ви остане кожата чиста и хидро - липидниот слој неоштетен.

На крај завршете го чистењето со ладно прскање – самочистење. Ладно прскање го активира мускулното влакно да се контрахира (затега) и на тој начин ги истиснува сите материи што може да се акумулираат длабоко во порите. Ова ги прави порите активни од самата основа и помага да нема стагнирање или таложење на себум.

 

дипл. фармацевт Лозенка Павлевска

Dr.Hauschka козметика

 

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="slimbox"}2013/11/hauska{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.