LC Waikiki, најбрзо растечкиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, отвора своја прва продавница во Македонија. Продавницата ќе биде отворена на 08.10.2013 година (вторник) во Скопје, на локација од 1.100 метри квадратни во Скопје Сити Мол.

 

Согласно целокупната стратегија за развој, LC Waikiki планира да отвори серија продавници во Македонија и во соседните земји, давајќи предност на земјите околу Турција.

„Македонија е возбудлива бизнис можност за LC Waikiki. Во пресрет на лансирањето на LC Waikiki во Скопје добивме позитивни одговори за тоа дека во оваа земја бредновите се силно прифатени. “Ние сме многу задоволни што, конечно, имаме можност директно да се грижиме за нашите потрошувачи во Скопје“- вели Yenal Gokyildirim, менаџер на LC Waikiki International Retail.

Мисијата на LC Waikiki е да обезбеди квалитетна, стилизирана облека и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња по пристапни цени под брендот на LC Waikiki, изразени преку мотото на нашата компанија „Секој заслужува да се облече добро“.

LC Waikiki е турска приватна компанија основана во 1985 година во Франција. Компанијата, моментално, има 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 продавници во светот. Со континуираните инвестиции во проширувањето на меѓународната мрежа за трговија на мал, LC Waikiki настојува да отвори 400 продавници во 40 земји во светот до 2017 година и да работи профитабилно во наредните неколку години. Компанијата цели да биде меѓу првите три модни брендови во трговијата на мало во Европа до 2023 година. Профитот на LC Waikiki во 2012 година изнесува 2 билиони американски долари.

За подетални информации за модниот бренд LC Waikiki и неговите продавници во странство Ве молиме посетете ја веб страната http://www.lcwaikiki.com (http://corporate.lcwaikiki.com)

- - -

За LC Waikiki

LC Waikiki е иновативна специјализирана компанија за трговија на мало која нуди квалитетна, стилизирана гардероба и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња по пристапни цени под LC Waikiki брендот. Основана во 1985 година во Франција, компанијата стана најбрзо растечката компанија за продажба на мало во Турција и лидер во секторот од 2004 година. Со главно седиште во Истанбул, LC Waikiki поседува 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 меѓународни продавници и вработува околу 20.000 луѓе. Освен франшизата за Саудиска Арабија и Иран, сите LC Waikiki продавници се во сопственост на компанијата. LC Waikiki има продавници во Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Грузија, Иран, Ирак, Казахстан, Косово, Мароко, Полска, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Сирија и Украина. Компанија цели да биде меѓу првите три модни брендови во Европа до 2023 година.

Најново на форумот

  • No posts to display.