Колку успех ќе имате на интервју за работа или во важни преговори, во голема мера зависи од физичкиот изглед. Затоа послушајте ги советите од модните стилисти

Начинот на шминкање, фризурата, изгледот на рацете, изборот на парфемот, откриваат многу за нашата личност и најмногу влијаат во создавањето на првиот впечаток. Кога барате работа или водите важни преговори, тој впечаток знае да биде пресуден.

Ако добрата работна биографија, елоквентност и знаење се следени со уште попријатна надворешност, тогаш растат шансите за успех. Тоа го покажува и истражувањето на магазинот „Њусвик“ со кое е утврдено дека околу 70 % од анкетираните менаџери вработуваат дотеран, симпатичен кандидат наместо стручен, а запуштен. Покрај тоа, ако сте задоволни од својот изглед, имате поголема самодоверба. Затоа изградете го својот стил на работна жена на која никој не може да и‘ најде забелешка.

 

1. Дискретна шминка

- Флуоресцентно осветелните канцеларии му даваат на лицето жолтеникава нијанса. Затоа избегнувате зелени сенки и портокалови нијанси на руменило, сенки и кармини.

- Очите шминкајте ги во неутрални нијанси. Бирајте сенки во беж, кафеави или кајсија нијанси. Користете меко моливче за очи во темнокафеава боја, никако црна. Не правете остри линии. Под канцелариското светло секој погрешен потег многу се гледа.

- Работната шминка не треба да биде незабележителна. Напротив. Строгиот костум и одело бараат јаки акценти на лицето, а дозволен е и црвен лак за нокти. Нешто полежерната облека, од друга страна, бара понежна шминка.

- Колку ви се подочниците потемни и поизразени, тоа коректорот треба да биде со потопла нијанса.

- Густа течна пудра делува неприродно под канцелариското светло. Затоа користете хидранти тонирани креми.

- Фиксирајте ја шминката со тенок слој транспарентна пудра во прав, која добро прилега на кожата, наместо камената, и делува поприродно.

Руменилото од кајсија или корална боја ставете го високо на јаболчниците. Ако носите очила, прво нив ставете ги, па ставете руменило. Така јасно ќе ги видите деловите од лицето кои не ги покрива рамката.

- Ќе изгледате посвежо ако на образите ставите бронзер. Нека биде мат или со многу дискретен сјај, бидејќи светкавите пудри не се пригодни за на работа.

- Веѓите мораат да бидат уредно исчупкани, а добро би било да го засилите интензитетот на нивната боја со специјален гел.

- Ставајте кармин, сјајот е премногу младешка и светкава варијанта за било која формална ситуација.

2. Едноставна фризура

- Косата треба да ви биде здрава и сјајна, а израстотокот исфарбан. Така на прв поглед ќе оставите впечаток на уредна личност.

- Вечерта пред интервјуто за работа или важен состанок задолжително измијте ја и убаво исфенирајте ја.

- Ако имате многу долга коса, најдобро е да ја соберете. Едноставна кох фризура изгледа поуредно и сериозно од пуштената коса.

- Тргнете ја косата од лицето. Долгите шишки кои малку ги покриваат очите се секси, но така треба да одите на состанок со партнерот, а не на работа.

- Не ставајте шнолички и украси со штрас и крупни детаљи, бирајте дискретни и елегантни асесоари за коса.

 

3. Избегнувајте француски маникир

Пред интервјуто за работа отидете на маникир, а за секој ден можете и самите да ги одржувате ноктите и рацете. Ноктите мораат да бидат чисти и уредни, а тој впечаток најлесно се постигнува со беж и нежно розеви нијанси на лакови за нокти. Црвеното е класика и може да помине. Францускиот маникир исто е добар избор, но мора да биде перфектно изработен.

 

4. Средете се за работна вечера

Колку и да биде неформална работната вечера на која одите, не треба да претерувате со шминка. Сепак сте во кругот на колегите и претпоставените. Црниот зачаден изглед на очите е неприфатлив. Подобро изберете кафеава или виолетова нијанса. Ако не стигнете да отидете дома и да се нашмикате повторно, еве како да ја освежите својата дневна шминка:

- Никако не ставајте нов слој течна пудра, туку потапкајте го лицето со хартиено шамивче, па напудрете се со пудра во прав.

- Ставете сјајно руменило, тоа ќе ја претвори вашата дневна во вечерна шминка.

- Наводенете го чешелчето за трепки, расчешлајте ги и дури тогаш нанесете нов слој маскара.

- Црвениот кармин е одличен избор за навечер, а целата шминка надополнете ја со црн молив за очи.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.